Работилница за анализа на ризик во рамките на проектот ИГУ во Западен Балкан и Турција под ИПА повеќе-корисничката програма

Скопје, 05-06 јули 2010

Во Скопје, на 05-06 јули 2010 година се одржа Работилница за анализа на ризик во рамките на проектот Интегрирано гранично управување во Западен Балкан и Турција под ИПА повеќе-корисничката програма за 2007. Координатор на активностите е Меѓународната организација за миграции-ИОМ.
Основна цел на проектот Интегрирано гранично управување во Западен Балкан и Турција под ИПА повеќе-корисничката програма за 2007 е воспоставување на поефективно гранично управување на регионално ниво преку поддршка на релевантните служби на Интегрираното гранично управување од областа на полицијата, царината, ветерината и фитосанитарната служба, правосудството, миграцијата и азилот.

 

Проектот Интегрирано гранично управување во Западен Балкан и Турција под ИПА повеќе-корисничката програма за 2007, согласно Компонента 2, меѓу другототреба да овозможи “Развој на регионална соработка и мрежното поврзување и работа меѓу крајните корисници на проектот како меѓусебно, така и со државите -  и интернационални учесници преку споделување на најдобрите практики во имплементацијата на Интегрираното гранично управување, воспоставување општоприфатени стандарди и процедури, подобрување на оперативната соработка и интензивирање на комуникацијата и размената на информации. Во рамките на овој  Проект една од најзначајните активности е “Воведувањето и развојот на општоприфатени стандарди за проценка на закани и ризик - анализи” .

 

Разгледувањето на потребата за имплементација на институтот “Анализа на ризикот” во рамките на системот за надзор на државната граница е мултикомплексно.

Првенствено имплементацијата на овој институт  “Воведување и развој на општоприфатени стандарди за проценка на закани и ризик - анализи” треба да се гледа низ призмата на сопственото унапредување на раководењето, планирањето и подобрувањето на секојдневните активностите на сите Aгенции во воспоставениот Систем на интегрирано гранично управување.

Бидејќи Република Македонија се стреми да влезе во Европската Унија и во Шенген зоната, како предуслов се наметнува прифаќање и инкорпорирање  на Европската легислатива во Македонскиот правен систем.

 

Подготвувањето на Анализата на ризик преставува задолжителна обврска на сите членки на Европската Унија, и  е предвиден како „Модел на интегрирана Анализа на ризик” кој што треба да води кон инкорпорирање на европскиот „Модел на Анализа на ризик“ – CIRAM.

Анализата на ризик е предвидена и како препорака во „Шенгенскиот каталог за контрола на надворешните граници, отстранување и реадмисија“, и преставува една од дополнителните обврски на Република Македонија на патот кон Европската унија. Прифаќањето и инкорпорирањето на препораките и најдобрите практики предвидени во каталогот се битен предуслов за пристапување на Република .Македонија во Шенген зоната.

 

Обврските кои ќе преставуваат задолжение за Република Македонија со имплементацијата на Виенската конвенција а кои во домен на проблематиката за Анализа на ризикот се предвидени  во членот 7, бараат размена на податоци и информации како и заедничка изработка на Анализа на ризик на потписничките на оваа Конвенција, меѓу која е и Република Македонија.

 

Имајќи ја во предвид обврската за подготвувањето на Анализата на ризикот утврдена во Националната стратегија за развој на воспоставениот систем за интегрирано гранично управување и Националниот акционен план за развој на воспоставениот систем за интегрирано гранично управување, на Стратегиско ниво во рамките на Националниот координативен центар за гранично управување, оваа Работилница допринесе за утврдување и дефинирање на Моделот за Анализата на ризикот во рамките на воспоставениот Систем за интегрирано гранично управување во Република Македонија.