Работилница за “Интeгрирано гранично управување” во рамките на Проектот “Јакнење на механизмите за ИГУ

Скопје, 25-26 ноември 2010

На 25-26 ноември 2010 година во Скопје, во рамите на Проектот Интегрирано гранично управување во Западен Балкан и Турција под ИПА повеќе-корисничката програма за 2007, се одржа Работилница за “Интeгрирано гранично управување. Координатор на активностите е Меѓународната организација за миграции-ИОМ.

Работилница произлегува согласно Компонента 2, “Развој на регионална соработка и мрежното поврзување и работа меѓу крајните корисници на проектот како меѓусебно, така и со државите - и интернационални учесници преку споделување на најдобрите практики во имплементацијата на Интегрираното гранично управување, воспоставување општоприфатени стандарди и процедури, подобрување на оперативната соработка и интензивирање на комуникацијата и размената на информации.

 

Во рамките на овој Проект една од најзначајните активности е “Јакнење на механизмите за интeгрираното гранично управување”.

Потребата од “Јакнење на механизмите за интeгрираното гранично управување” е утврдено и во новата Стратегија за развој на воспоставениот систем за Интегрираното гранично управување, која во моментот во моментов се имплементира од страна на Националната комисија за интегрирано гранично управување.

Првенствено, “Јакнење на механизмите за интeгрираното гранично управување” треба да се гледа низ призмата на сопственото унапредување на раководењето, планирањето и подобрувањето на секојдневните активностите на сите министерствата и институциите во воспоставениот Систем на интегрирано гранично управување.

 

“Јакнење на механизмите за интeгрираното гранично управување” е предвидено преку дел од определените стратегиските цели во новата Стратегија за развој на воспоставениот систем за Интегрираното гранично управување, а тоа се:

 

Имајќи ја во предвид потребата за “Јакнење на механизмите за интeгрираното гранично управување”, која е детерминирана и во Националната стратегија за развој на воспоставениот систем за интегрирано гранично управување, оваа Работилница допринесе за размена на искуствата во Интегрираното гранично управување со што ќе се допринесе за развој на воспоставениот Систем за интегрирано гранично управување.