Дирекција за радијациона сигурност

На 17 ноември 2010 година во Софија, Бугарија, директорот на Дирекцијата за радијациона сигурност Др. Нузи Шахин и Претседателот на Нуклеарната регулаторна агенција на Република Бугарија д-р Сергеј Цочев потпишаа Договор за соработка по прашањата на радијациона заштита, според кој ќе се разменуваат технички информации за осигурување на радијационата заштита и одржување на подготвеноста за радијациони вонредни настани при користење на извори на јонизирачко зрачење и при управување со радиоактивен отпад од објекти/дејности со извори на јонизирачко зрачење.