Дирекција за радијациона сигурност

(23 ноември 2010) Со цел зајакнување на меѓуинституционалната соработка и зајакнување на контролата на извори на јонизирачко зрачење Дирекцијата за радијациона сигурност спроведе обука за радијациона заштита за царински службеници и за припадници од Министерството за внатрешни работи (за припадници на Граничната полиција и за лица кои работат на безбедност во внатрешноста на Република Македонија).
На обуката беа опфатени следните теми:
• Надлежности и улога на Дирекцијата за радијациона сигурност
• Основи на радијациона физика
• Опасност од јонизирачко зрачење, категоризација на радиоактивни извори, основни принципи на радијациона заштита
• Радијациони единици, детекција на јонизирачко зрачење, инструменти
• Одговор на настани на граничните премини и улога на ЦУ и ГП
• Практична работа:
• Детекција на радиоактивни извори и мерење на интензитет на јонизирачко зрачење
• Одговор на нелегална трговија со затворени радиоактивен извори и радиоактивен материјал
• Детекција на радиоактивен материјал од природно потекло