Дирекција за радијациона сигурност

(24 ноември 2010) Дирекцијата за радијациона сигурност спроведе обука за радијациона заштита и сигурност за лицата одговорни за радијациона заштита во правните лица што користат извори на јонизирачко зрачење.
На обуката беа опфатени следните теми:
• Надлежности и улога на Дирекцијата за радијациона сигурност
• Основи на радијациона физика, биолошки ефекти од изложеност на јонизирачко зрачење и основни принципи на радијациона заштита
• Професионална изложеност и изложеност на население
• Медицинска изложеност
• Постапка за издавање дозвола за вршење дејност со извори на јонизирачко зрачење и пријава на изворите
• Програма за радијациона заштита
• Надзор над спроведување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност и важечките подзаконските акти.