Потпишан меморандум за соработка помеѓу царинската управа и бирото за јавна безбедност

Ве известуваме дека на 14 јули 2009 година беше потпишан Протокол за спроведување на Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи – Биро за јавна безбедност и Министерство за финансии – Царинска управа на Република Македонија. Протоколот е потпишан врз основа на Меморандумот за разбирање помеѓу Министерството за финансии и Министерството за внатрешни работи, потпишан на 29.12.2006 година.

Мемораднумот ги пропишува општите принципи на соработка, заедничките активности и начинот на соработка, соработката на гранични премини и долж граничната линија, контролата на прекуграничниот сообраќај, контрола со едно застанување, соработката за спречување и борба против криминални активности и прекршоци, нивоата на соработка и методологијата на контрола на патници, превозни средстав и стока.

Целта на Меморандумот е ефикасно спроведување на задачите кои произлегуваат од соработката помеѓу Царинската управа и Бирото за јавна безбедност и преземање на непосредни заеднички активности за заштита на државната граница на Република Македонија, зајакнување на активностите за борба против корупција, спречување и откривање на организиран и други видови криминал, олеснување и забрзување на движењето на стока и патници и поефикасно искористувње на расположивите ресурси.