НАЦИОНАЛНА КОМИСИЈА ЗА ИНТЕГРИРАНО ГРАНИЧНО УПРАВУВАЊЕ

НАЦИОНАЛНА КОМИСИЈА
ЗА ИНТЕГРИРАНО ГРАНИЧНО УПРАВУВАЊЕ


 

Националната комисија за интегрирано грани;но управување е образувана како помошно и советодавно тело на Владата на Република Македонија, со надлежност над мерките и активностите за воспоставување на системот на Интегрираното гранично управување а со цел да и:

  • предлага на Владата на Република Македонија мерки и активности во врска со развојот и унапредувањето на системот на интегрирано гранично управување;
  • ја спроведува Националната стратегија за интегрирано гранично управување и Националниот акционен план за интегрирано гранично управување;
  • ја унапредува соработката, размената на податоци и информации, како и координацијата помеѓу државните органи кои имаат надлежности во граничното управување;
  • ја следи состојбата со човечките ресурси во државните органи кои имаат надлежности во граничното управување, а кои се врзани со нивните одговорности за граничното управување;
  • дава мислење на годишниот извештај на Националниот координативен центар за гранично управување;
  • остварува меѓународна соработка во врска со активностите за интегрираното гранично управување и
  • дава други предлози на Владата на Република Македонија од значење за интегрираното гранично управување

-