Посетата на “Тимот за оценка и мониторинг”

Посетата на “Тимот за оценка и мониторинг” на 26 и 27 Октомври 2009 година во  Република Македонија, во рамките на Проектот-Интегрирано гранично управување во Западен Балкан и Турција, под ИПА повеќе-корисничка програма  за 2007 година.

 

На 26 и 27 Октомври 2009 година во  посета во  Република Македонија престојуваше “Тимот за оценка и мониторинг”, согласно Проектот-Интегрирано гранично управување во Западен Балкан и Турција, под ИПА повеќе-корисничка програма  за 2007 година.

Имплементатор на Проектот е ИОМ-Меѓународната организација за миграции. Националната комисија за интегрирано гранично управување е координатор за имплементацијата на проектот во Република Македонија, во кој корисници се министерствата и институциите кои имаат надлежности во системот на интегрираното гранично управување.

“Тимот за оценка и мониторинг” беше предводен од страна на Тим-лидерот и менаџер на проектот, г-динот Ричард Отс, а тимот го сочинуваа претставници и од   Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово, Турција, Унгарија, Полска, Литванија, Финска.  Член на Тимот од Република Македонија е претседателот на Националната комисија за интегрирано гранично управување.

За посетата  на “Тимот за оценка и мониторинг” беа организирани  средби со:

  1. Националната комисија за интегрирано гранично управување
  2. Националниот координативен центар за гранично управување
  3. Царинската управа
  4. Граничен  премин Табановце-патен
  5. граниченн премин Аеродром Скопје

На состанокот со Националната комисија за интегрирано гранично управување беа презентирани задачите и улогата на комисијата согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за нејзиното формирање.  “Тимот за оценка и мониторинг” беше информиран дека имплементацијата на Националниот акционен план за интегрирано гранично управување а со тоа и на Националната стратегија за интегрирано гранично управување е во завршна фаза. Воедно,  тимот беше запознат дека се подготвени “Предлог-Национална Стратегија за развој на воспоставениот систем за Интегрирано гранично управување” и “ Предлог-Национален Акционен план за развој на воспоставениот систем за Интегрирано гранично управување”. Со формирањето на Националниот координативен центар за гранично управување и воспоставувањето на Информатичкиот систем за интегрирано гранично управување во Република Македонија е воспоставен Системот на Интегрирано гранично управување.

При посетата на Националниот координативен центар за гранично управување беа презентирани воспоставениот Информатички систем за интегрирано гранично управување, Дежурниот центар и Мониторинг системот, а од страна на офицерите за врска беа презентирани извршувањето на нивните работни задачи во Центарот, остварувањето на хоризонталната и вертикалната координација со нивната  ресорна институција, размената на информациите  и меѓуагенциската соработка, како и изготвувањето на анализата на ризикот.

При посетата на Царинската управа беа презентирани Мониторинг системот и воспоставениот “Ексим-систем“ (Едношалтерски систем за увоз и извоз (single window) и контрола при единствено застануваwе (one stop shop).

При посетата на граничните премини “Табановце” и “Аеродром Скопје”, беа остварени средби во Полициските станици за гранични контроли за “Табановце-патен” и “Аеродром Скопје”, Царинските испостави, Фитосанитарните и Ветеринарните инспектори, за наведените гранични премини, а воедно беше извршена и посета на Карго-складиштето на “Аеродромот Скопје”. Воедно, од страна на инспекторите од Дирекцијата за радијациона сигурност беа презентирани надлежностите во делот на спроведување на системот за заштита од радијациja. При посетите на овие служби од страна на старешините и вработените кои извршуваа работни задачи беше презентирано извршувањето на нивните законски надлежности, пристапите до системите и податоците во нивните институции, хоризонталната и вертикалната координација со нивната  ресорна институција, практичното функционирање на Интегрираното гранично управување меѓу службите на т.н.”локално ниво” и нивната соработка со Националниот координативен центар за гранично управување, размената на информациите и меѓуагенциската соработка, билатералната соработка на локално ниво со службите од соседните земји и изготвувањето на анализата на ризикот на локално ниво.

На состанокот на  “Тимот за оценка и мониторинг” со Националната комисија за интегрирано гранично управување од страна на преставниците на Тимот јавно беше потенцирано дека Република Македонија е лидер во воспоставување на системот на Интегрираното гранично управување. Посебно беше потенцирано дека успехот се должи во организациската и функционалната поставеност  на Националната комисија за интегрирано гранично управување како помошно тело на Владата на Република Македонија и членувањето во комисијата на државните органи и институции кои имаат надлежности и го спроведуваат воспоставениот систем за интегрирано гранично управување.

Оценка е дека презентираните тела и системи од воспоставениот Систем за Интегрирано гранично управување во Република Македонија, пред се Националниот координативен центар за гранично управување, Информатичкиот систем за гранично управување, мониторинг системите и “Ексим-системот“ (Едношалтерски систем за увоз и извоз (single window) и контрола при единствено застануваwе (one stop shop) беа од голем интерес за сите претставници од “Тимот за оценка и мониторинг” и  дека истите ќе преставуваат-препорачан Модул за развој на Интегрираното гранично управување во земјите Западен Балкан и Турција, во кој се имплементира овој проект под ИПА повеќе-корисничка програма  за 2007 година.

Исто така, воспоставениот Систем за  интегрирано гранично управување во Република Македонија во многу ќе помогне на  “Тимот за оценка и мониторинг” во изготвувањето на анализата на недостатоците која ќе ги идентификува потребите, недостатоците, и препораките базирани на националните законодавни рамки во согласност со ЕУ-ИГУ Насоките во земјите Западен Балкан и Турција, каде се имплементира овој проект.