Развој на воспоставениот Систем за Интегрирано гранично управување

Цел

Воспоставениот системот за Интегрирано гранично управување овозможува олеснување на протокот на лица и стоки преку државната граница, согласно европските стандарди и најдобрата пракса. Воспоставени се организирани и координирани мерки во надзорот на законитоста на влезот и излезот на лица, стоки и превозни средства, спречувањето и откривањето  на организираниот криминал  спречувањето на лица и сторители на кривични дела и сите видови на шверц преку граничните премини, контрола и спречувањето на преносот на материи и заразни болести што ги загрозуваат луѓето и стоките.

I. Активност  во тек

 

Националната комисија за интегрирано гранично управување ги започна активностите за развој на воспоставениот систем за Интегрирано гранично управување, согласно новата Националната стратегија за развој на вопсоставениот систем за интегрирано гранично управување и новиот Националниот акционен план за развој на воспоставениот систем на интегрирано гранично управување.

II. Стратешки приоритети

  1. Имплементација на новата “Националната стратегија за развој на вопсоставениот систем за интегрирано гранично управување” и новиот “Националниот акционен план за развој на воспоставениот систем на интегрирано гранично управување”, во кој како Стратегиски цели се утврдени:

 

  1. Внатрешна и надворешна соработка

 

Посебен акцент ќе се стави на ракнење и развивање на соработката со соседните земји.

3. Потпишување на меѓународни договори за преку гранична соработка со соседните земји со кои се уште нема вакви договори и со други европски држави.