Дирекција за радијациона сигурност

Ве известуваме дека подолу наведените правилниците кои ги изработи Дирекцијата за радијациона сигурност во согласност со Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност (Службен весник на РМ, бр. 48/02 и 135/07), а се во врска со заштитата од јонизирачко зрачење и радијационата сигурност се објавени во Службен весник на Република Македонија и тоа:

  1. Правилник за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на дозволата за вршење на дејност со извори на јонизирачко зрачење, формата и содржината на образецот на дозволата и за начинот и постапката за издавање на дозволата (Службен весник на Република Македонија бр.157/09)
  2. Правилник за категоризација на извори на јонизирачко зрачење и категоризација на радиоактивен и нуклеарен материјал. (Службен весник на Република Македонија бр.162/09)
  3. Правилник за категоризација на радијациони и нуклеарни закани. (Службен весник на Република Македонија бр.162/09)
  4. Правилник за критериуми за изземање на извор на јонизирачко зрачење и исклучување на изложеност на дефиниран извор од контрола.(Службен весник на Република Македонија бр.162/09)
  5. Правилник за максимално дозволени граници на испуштање на радиоактивни материи во животната средина, начинот на вршење мониторинг, водење евиденција и поднесување извештаи. (Службен весник на Република Македонија бр.162/09)
  6. Правилник за максимално дозволени количини на радионуклиди во храна, вода, воздух, земјиште, производи и суровини од животинско и растително потекло и предмети за општа употреба. (Службен весник на Република Македонија бр.163/09)
  7. Правилник за содржината на програмата за радијациона заштита, планот за радијациони вонредни настани и програмата за обезбедување на квалитет и контрола на сигурност. (Службен весник на Република Македонија бр.157/09)
  8. Правилник за видовите на обуки и содржината на програмата за обука на одговорните лица за радијациона заштита и на лицата кои работат со извори на јонизирачко зрачење. (Службен весник на Република Македонија бр.162/09)
  9. Правилник за формата и содржината на образецот на пријавата за извори на јонизирачко зрачење и за начинот и постапката за пријавување.(Службен весник на Република Македонија бр.16/10)
  10. Правилник за граници на изложеност на јонизирачкото зрачење и условите на изложеност во посебни случаи и во вонредни настани (Службен весника на Република Македонија бр.29/2010)
  11. Правилник за начинот и мерењето на изложеноста на професионално изложени лица, водење на евиденција и поднесување на извештаи  (Службен весник на Република Македонија бр.29/2010 )
  12. Правилник за здравствени услови за работа со извори на јонизирачко зрачење,како и за мерките, содржината и начинот на вршење на здравствени прегледи на лица кои работат со извори на јонизирачкјонизирачко зрачење.  (Службен весник на Република Македонија бр.28/2010.)
  13. Правилник за начинот и роковите на испитување на изворите на јонизирачко зрачење, мерење на изложеноста на пациентите при дијагностички и терапевтски постапки, водење на евиденција и поднесување на извештаи.  (Службен весник на Република Македонија бр.126 од 22.09.2010) 1
  14. Правилник за начинот и мерењето на изложеноста на населението, водење на евиденција и поднесување на извештаи. (Службен весник на Република Македонија бр.126 од 22.09.2010 )
  15. Правилник за максимално дозволени количини на радионуклиди во металите, градежните материјали, вештачките ѓубриња, пепел од термоелектраните и отпадниот материјал од рудници и топилници.  (Службен весник на Република Македонија бр.98/10)
  16. Правилник за критериуми и мерки за заштита од јонизирачко зрачење за вршење на дејност со рендгенски апарати, акцелератори и други уреди кои произведуваат јонизирачко зрачење (Службен весник на Република Македонија бр.130 од 30.09.2010)
  17. Правилник за критериуми  за примена на извори на јонизирачко зрачење во медицината, ветеринарната медицина, фармацијата и стоматологијата. (Службен весник на Република Македонија бр.130 од 30.09.2010)
  18. Правилник за критериумите во однос на просторните услови, објектите, материјално-техничката опрема и стручниот кадар на овластените стручни технички сервиси и на правните лица за деконтаминација како и формата и содржината на барањето за издавање на лиценца и формата и содржината на лиценцата. (Службен весник на Република Македонија бр.130 од 30.09.2010)
  19. Правилник за начинот на ракување, односно собирање, чување, кондиционирање, транспортирање и одлагање на радиоактивен отпад. (Службен весник на Република Македонија бр.130 од 30.09.2010)