Промоција на опрема донирана од Европската унија

На 16-ти ноември 2010, Царинската управа во соработка со проектот „Техничка помош за зајакнување на граничната контрола“ финансирана од Европската Унија и имплементирана од Hulla & Co. Human Dynamics KG, организираше промоција на опремата (7 специјално опремени автомобили за царински кучиња и 6 високо софистицирани електронски детектори) донацирана од Европската унија чија вредност изнесува 300.000 евра.

 

На присутните се обратија господинот Ванчо Каргов, Директор на Царинска управа на Република Македонија, Амбасадорот Ерван Фуере, Специјален претставник на Европската унија и Шеф на Делегацијата на Европска унија и господинот Горан Богатиновски, Началник на одделение за анализа на ризик – Царинска управа на Република Македонија, кои говореа за карактеристиките на опремата, реформите во Царинската управа и успешната соработка со Европската унија.

 

Донацијата се состои од 7 специјално опремени автомобили за царински кучиња за откривање дроги и 6 високо софистицирани електронски детектори за откривање на опасни материи, оружје за масовно уништување, дроги и прекурсори, како и помош во спроведување обуки за кучињата во странство, во специјализирани институции и од врвни обучувачи. Оваа опреме ќе се користи на граничните премини како и од страна на специјалните мобилните царински тимови како најсовремени технички помагала, по високи европски стандарди. Ваква опрема успешно се користат во повеќето земји од Европската унија, каде што покажуваат високи резултати во борбата против криумчарењето и нелегалната трговија.

 

На промоцијата, инспектор од мобилните тимови на Царинска управа-водич на царинско куче изврши демонстрација на пронаоѓање на дрога со помош на царинско куче, сокриена во различни делови на патничко моторно возило.