Воспоставувањето на системот на Интегрираното гранично управување овозможи олеснување на протокот на лица и стоки преку државната граница, согласно европските стандарди и најдобрата пракса.
Со воспоставениот систем за интегрирано гранично управување се разви база на податоци за управување со границата и нивна поврзаност во рамките на Информатичкиот систем за интегрирано гранично управување, со што се овозможи пристап и размена на информации помеѓу државните органи кои имаат надлежност во граничното управување.