Владимир Пивоваров, Национален координатор за гранично управување

Владимир Пивоваров е роден на 11 октомври 1962 година во Куманово. Завршил факултет за безбедност во Скопје каде и магистрира, а докторира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 2002 година. Зборува англиски јазик, руски јазик и бугарски јазик.

По завршување на факултетот за безбедност во 1985 година се вработил во Министерство за внатрешни работи, каде во текот на својата кариера бил и заменик началник на Управата за внатрешни работи Куманово.

Од 1997 до 1999 година ја извршува функцијата Советник на министерот за наука, по што се враќа во Министерството за внатрешни работи до 2002 година, кога заминува на функцијата Раководител на сектор за воена безбедност и разузнавање, која функција ја извршува се до 2005 година.

Од 2005 година до 2015 година е универзитетски професор, а 2015 и 2016 година е Советник на министерот за внатрешни работи за работи од областа на државната безбедност, а од Министерот е назначен за Координатор на работната група во Министерство за внатрешни работи за носење на законот за оперативно техничка агенција.

Автор е на 5 учебника од областа на правото и дипломатијата. Во повеќе наврати како експерт од областа на безбедноста учествува во собраниските комисии за надзор на работата на УБК и АР, Уставниот суд, но и повеќе пати е ангажиран од страна на Меѓународни организации од областа на следењето на електронските комуникации. Повеќе пати е ангажиран од страна на Универзитети од странство за предавања од областа на безбедноста.

 

Телефон за контакт: +389(0)2 3334049, 075/436-822
Е-маил: vladimir_pivovarov@moi.gov.mk
 Веб-страна: www.igu.gov.mk