Развој на воспоставениот Систем за Интегрирано гранично управување


Цел

Воспоставениот системот за Интегрирано гранично управување овозможува олеснување на протокот на лица и стоки преку државната граница, согласно европските стандарди и најдобрата пракса. Воспоставени се организирани и координирани мерки во надзорот на законитоста на влезот и излезот на лица, стоки и превозни средства, спречувањето и откривањето  на организираниот криминал  спречувањето на лица и сторители на кривични дела и сите видови на шверц преку граничните премини, контрола и спречувањето на преносот на материи и заразни болести што ги загрозуваат луѓето и стоките.

 

I. Активност  во тек

 Националната комисија за интегрирано гранично управување ги започна активностите за развој на воспоставениот систем за Интегрирано гранично управување, согласно новата Националната стратегија за развој на вопсоставениот систем за интегрирано гранично управување и новиот Националниот акционен план за развој на воспоставениот систем на интегрирано гранично управување.

II. Стратешки приоритети

  1. Имплементација на новата “Националната стратегија за развој на вопсоставениот систем за интегрирано гранично управување” и новиот “Националниот акционен план за развој на воспоставениот систем на интегрирано гранично управување”, во кој како Стратегиски цели се утврдени:
  • Надградување на правната рамка согласно Европските стандарди
  • јакнење на капацитетите и унапредување на меѓу агенциската соработка помеѓу организациските структури, министерствата и институциите кои имаат надлежности во системот на Интегрираното гранично управување
  • изградбата и реконструкцијата на граничните премини
  • надградба на информатичко-технолошката (ИТ) поддршка и на воспоставените  системи и проекти
  • унапредување на преку граничната и меѓународната соработка

 

  1. Внатрешна и надворешна соработка
  • Јакнење и развивање на меѓу-агенциска, која се остварува на стратешко ниво на Националната Комисија за Интегрирано гранично управување, на Координативно ниво во Националниот координативен центар за гранично управување и на оперативно ниво на граничните премини
  • Јакнење и развивање на меѓународна соработка, на билатерално, трилатерално и мултилатерално ниво, со одржување на редовни периодични состаноци на централно регионално и локално ниво помеѓу службите( како на пример МВР, Царина ветеринарни и фитосанитарни инспекции со службите од другите држави.

 

Посебен акцент ќе се стави на ракнење и развивање на соработката со соседните земји.

3. Потпишување на меѓународни договори за преку гранична соработка со соседните земји со кои се уште нема вакви договори и со други европски држави.