“ИНТЕГРИРАНО ГРАНИЧНО УПРАВУВАЊЕ”


Воспоставувањето на системот на Интегрираното гранично управување  овозможи олеснување на протокот на лица и стоки преку државната граница, согласно европските стандарди и најдобрата пракса.

Со воспоставениот систем за интегрирано гранично управување се разви база на податоци за управување со границата и нивна поврзаност во рамките на Информатичкиот систем за интегрирано гранично управување, со што се овозможи пристап и размена на информации помеѓу државните органи кои имаат надлежност во граничното управување.

Со тоа се изградија организирани и координирани мерки на органите вклучени во Интегрираното гранично управување во надзорот на законитоста на влезот и излезот на лица, стоки и превозни средства, спречувањето и откривањето на организираниот криминал  спречувањето на лица и сторители на кривични дела и сите видови на шверц преку граничните премини, контрола и спречувањето на преносот на материи и заразни болести што ги загрозуваат љуѓето и стоките.

Со воспоставувањето на “Едношалтерски систем за увоз и извоз (single window) и контрола при единствено застануваwе (one stop shop)”  се овозможи намалување на времето за премин на границата а со тоа и процедурите  и режимот на контрола на лица и стоки.

Со ставањето во функција на Националниот координативен центар за гранично управување , како координативно тело, се остварува поголема интеграција  во граничното управување помеѓу државните органи што имаат надлежности во граничното управување.