Почитувани посетители,

Со воспоставениот систем  на “ИНТЕГРИРАНОТО ГРАНИЧНО УПРАВУВАЊЕ”  реалаизирана е една од стратегиските цели, во функција на остварување на стратегиските приоритети, а тоа се интеграција на  Република Северна Македонија  во НАТО и ЕУ. 

 Добродојдовте на веб страната  на НАЦИОНАЛЕН КООРДИНАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА ГРАНИЧНО УПРАВУВАЊЕ.

Развој на воспоставениот Систем за Интегрирано гранично управување


Цел

Воспоставениот системот за Интегрирано гранично управување овозможува олеснување на протокот на лица и стоки преку државната граница, согласно европските стандарди и најдобрата пракса. Воспоставени се организирани и координирани мерки во надзорот на законитоста на влезот и излезот на лица, стоки и превозни средства, спречувањето и откривањето  на организираниот криминал  спречувањето на лица и сторители на кривични дела и сите видови на шверц преку граничните премини, контрола и спречувањето на преносот на материи и заразни болести што ги загрозуваат луѓето и стоките.

“ИНТЕГРИРАНО ГРАНИЧНО УПРАВУВАЊЕ”


Воспоставувањето на системот на Интегрираното гранично управување  овозможи олеснување на протокот на лица и стоки преку државната граница, согласно европските стандарди и најдобрата пракса.

Со воспоставениот систем за интегрирано гранично управување се разви база на податоци за управување со границата и нивна поврзаност во рамките на Информатичкиот систем за интегрирано гранично управување, со што се овозможи пристап и размена на информации помеѓу државните органи кои имаат надлежност во граничното управување.

Subscribe to Национален координативен центар за гранично управување RSS