Националната комисија за интегрирано гранично управување со преставници од ИТ (информатичката технологија) од надлежните институции кои имаат надлежност во системот на Интегрираното гранично управување, изготви “Студија за информатички систем за интегрирано гранично управување” која е усвоена на седницата на Владата одржана на 06.02.2008 година. Изготвена е и “Студија за изводливост на информациско-комуникацискиот систем за Интегрирано гранично управување (Физибилити студија)”.